Бугарските државјани имаат право да влезат на територијата на 179 држави. Тоа ја рангира Бугарија на 13-то место на светската ранг-листа за тоа колку се влијателни пасошите на државите според Индексот за пасоши Хенли за 2024 година, се вели во извештајот на официјалната веб-страница на проектот, пренесува Трибуна.
Бугарија ја дели 13-тата позиција заедно со Хрватска и Романија. Бугарија скокна пет позиции во рангирањето – во 2023 година бугарскиот пасош го заземаше 18-то место со пристап до 174 земји.
Шест земји – Франција, Германија, Италија, Шпанија, Јапонија и Сингапур – го заземаат првото место. Граѓаните на овие земји имаат право да влезат на територијата на 194 земји во светот. Последното, 104-то место во рејтингот го има Авганистан, чии граѓани имаат пристап до само 28 земји. Во „топ 5“ на најмалку влијателни пасоши се и Сирија, Ирак, Пакистан и Јемен.
САД се рангирани на седмо место (188 земји), а Русија на 51. место (119 земји). Кина е на 62-то место (85 земји).