ноември 23, 2024

Министерот Спасовски во работна посета на Вашингтон

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до 12 јануари предводи делегација од МВР во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, информираат од МВР.

Притоа, министерот Спасовски ќе оствари средби со Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брус Шварц, заменик помошник на Јавниот Обвинител на САД, амбасадор Тод Робинсон, помошник државен секретар на САД, Биро за прашања поврзани со спроведување на законите и илегална  трговија со наркотици, како и Натаниел Фик амбасадор за сајберпростор и дигитални политики.

Во текот на посетата на САД министерот за внатрешни работи ќе се сретне и со Боб Паскал Прв заменик помошник Секретар за меѓународни работи од Одделот за внатрешна безбедност, Конгресменките Клаудија Тени и Лиса МекКлејн, како и со претставници од Бордот на Директори на Обединетата Македонска Дијаспора.

Министерот Спасовски по повод Божикните празници ќе присуствува и ќе се обрати на прием организиран за нашите претставници во дијаспората кои живеат и работат во САД. 

Read Previous

Маричиќ: Уставните измени не се замена за реформите, ниту пак реформите се замена за политичките прашања

Read Next

Цените на становите во Скопје со раст од седум проценти во четвртиот квартал лани