ноември 23, 2024

Претседателот Пендаровски на средба со струковиот синдикат од М-НАВ: Очекувам до крај да биде расчистен инцидентот

Претседателот Стево Пендаровски имаше средба со претставници на стуковиот синдикат на контролори за летање, кои најавија дека ќе го затворат целосно воздушниот простор доколку Владата на денешната седница не ги разреши директорите на М-НАВ.

-Уште еднаш искажав поддршка за нивните заложби за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ. Очекувам до крај да биде расчистен неодамнешниот инцидент, имајќи предвид дека оваа институција е дел од критичната инфраструктура во државата и станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај, порачал Пендаровски.

Read Previous

Адвокатот на таткото на Вања бара куќен притвор за Ѓорчевски

Read Next

Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19