септември 20, 2024

Над 20 лица повредени во експлозија во хотел во САД

Дваесет и едно лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесоа светските агенции. Се сомнева дека причина е истекување на гас.

Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас. Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се со полесни повреди, информираат локалните лекари.

Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што мислеле дека има земјотрес.

Read Previous

Па, каде брзате? За само еден ден полицијата казнила 542 возачи за брзо возење!

Read Next

Адвокатот на таткото на Вања бара куќен притвор за Ѓорчевски