ноември 23, 2024

Спречен нелегален влез на 11 мигранти при царинска контрола на три камиони од Полска

Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела,  информираат од Царинската управа.

– Два случаи се откриени од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги по контрола на две товарни моторни возила со полски регистарски таблички на влез во државата на Богородица на 4 јануари доцна вечерта и на 5 јануари во 4 часот наутро. И во двата случаи мигрантите се откриени во просторот за палети на полуприколките при контрола со мобилен скенер, при што и во едниот и во другиот случај се откриени по 4-ца мигранти од Сирија и Пакистан, се вели во соопштението од Царинската управа.

Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички. При контрола на возилото, како што информираат од Царинската управа, во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго.

Read Previous

Лимитот за плаќање во кеш се намалува на 2.000 евра, се што е над тоа ќе мора преку банка

Read Next

Отворено писмо: Барање за целосно расветлување на насилниот инцидент во просториите на М-НАВ