ноември 24, 2024

Две лица загинаа во сообраќајкa на магистралата Гостивар-Кичево

Две лица ги загубија животите од повреди задобиени во сообраќајната несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Гостивар – Кичево во близина на каменоломите, информираат од СВР Тетово.

Сообраќајната несреќа била пријавена утрово (5 јануари) во 7 часот и 10 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи).

– Во сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од Е.З (42) од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане. Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош, наведува Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Повеќе од два часа заради увид на местото, сообраќајот беше во прекин во двата правци.

Read Previous

Јавното обвинителсво чека пријава од МВР за упадот во зградата на контролата на летање

Read Next

Германија испрати нов пакет воена помош за Украина, два Ф-16 од Белгија за обука на украински пилоти