ноември 23, 2024

Во Неготино се подготвуваат хуманитарни оброци за социјално загрозени за Бадник

Во Неготино се подготвуваат хуманитарни оброци за социјално загрозени за Бадник. Организаторите на хуманитарната акција денеска најавија дека со овој гест сакаат да им покажат на лицата во социјален ризик дека не се сами и дека луѓето треба да си подадат рака едни на други.

– Велат, каде и да си, за Бадник дома да си. Овој Бадник, своевидниот дом за сите лица од ранливи категории и социјално загрозени семејства, ќе биде кај „Ја, тате и бате,“ гостилницата што ги подготвува овие хуманитарни оброци, спакувани за секој посебно, појаснија организаторите на акцијата.

Тие нагласија дека на овој голем празник никој нема да остане гладен и апелираа до сите што можат, на било каков начин, во иднина да им помогнат на социјално загрозените лица.

Во 2021 година, за време на пандемијата со коронавирус, оваа гостилница донираше оброк за здравствени работници, сакајќи на тој начин, како што беше соопштено тогаш, да се покаже сопствената општествена одговорност.

Read Previous

Ќе се формира стручна Комисија за случајот со починатата родилка од Делчево

Read Next

На барање на Кијив на 10 јануари ќе се одржи состанокот на Советот НАТО-Украина