ноември 23, 2024

Во Тетово ќе се организира Бадниковата поворка

Тетовско-гостиварската епархија информира дека година се планира да се одржи Бадникарска поворка во Тетово на Бадник, сабота 6 јануари.

Како и претходните неколку години поворката ќе тргне од тетовската соборен храм Кирил и Методиј во Тетово веднаш после завршувањето на Светата Божествена Литургија во 10 часот.

Учесниците ќе се движат кон плоштадот каде е предвидена празнична програма со пеење на божиќни песни.

-Еве и ова 2024 лето Господово, Господ не удостои, да им се приближиме на Божикните празници и да го прославиме раѓањето на Витлеемскиот Богомладенец Христос. Во таа насока, а држејќи се до веќе воспоставената традиција Ве известуваме сите православни христијани дека на 06.01.2024 година, со благослов на митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф, ќе се организира Бадниковата поворка. Ги повикуваме сите православни родители да ги донесат своите деца и на тој начин да искажеме почит и љубов кон Христос нашиот Господ. Да се обратиме со искрена молитва кон Богомладенецот и ние заедно со ангелите да ја пееме рождественската песна „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“, информираат од Тетовско-гостиварската епархија.

Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година, а не се одржа во 2021 и 2022 поради пандемијата. Во 2023 година за прв пат после Бадниковата поворка имаше и масовна сенародна Бадникова прослава на тетовскиот плоштад

Read Previous

МНР на Украина: 92 ранети и 4 починати лица од руските ракетни напади врз украинските градови

Read Next

Најголемата компанија за дијаманти во светот, сопственост на Русија, додадена на листата на санкции на ЕУ поради руската агресија врз Украина