ноември 22, 2024

Кривична пријава за криумчарење мигранти против шест лица

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица за  сторено кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2 на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија, соопштија денеска од МВР.

Кривична пријава е поднесена против Ц.Н. (23), А.М. (23), И.Б. (20), тројцата од Охрид, како и против А.С. (23), Ф.З. (21), двајцата од Кратово и Б.Д. (25) од Куманово.

– Во временски период од август 2021 година до мај 2023 година, со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, сега кривично пријавените, како дел од меѓународна криминална група организирана од лица за кои веќе е поднесена кривична пријава, биле ангажирани во улога на лица кои го вршеле прифаќањето и превезувањето на лицата- илегални мигранти на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија. На кривично пријавените за успешно извршено криумчарење на мигранти им била исплаќана парична надокнада во висина од 1000-3000евра, во зависност од земјата во која требало да го вршат прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти, се појаснува во соопштението од МВР.

Read Previous

Општина Старо Нагоричане со средства од Владата ќе гради и реконструира повеќе патни правци

Read Next

Од 1 јануари задолжително назначување на даночен застапник за странските лица кои немаат подружница во земјава, а вршат промет на услуги и добра