Поликлиниката Чаир од денеска има пет нови дигитални ЕХО колор доплер апарати. Во посета на оваа јавно-здравствена установа беше министерот за здравство Фатмир Меџити кој истакна дека станува збор за инвестиција од Здравствениот дом Скопје.
Едниот ЕХО Колор Доплер Апарат Е Поставен Во Кабинетот За Дојка Во Поликлиниката Чаир, А Вториот Е Планиран За Одделот По Интерна Медицина Којшто Ќе Биде Со Кардиолошка Сонда, Рече Меџити.
Тој информираше дека во Поликлиниката, стариот апарат за гастроскопија е заменет со нов современ гастроскоп. Во тек е подготовка на нов кабинет за ортопедија што ќе ги покрие потребите од ваквите здравствени услуги во овој дел од градот Скопје. Покрај ова, тука е поставен и нов генератор за производство на електрична енергија.
Меџити соопшти дека во изминатиот месец е инсталиран и комплетно имплементиран пакс систем во сите рентген кабинети во Здравствен дом Скопје. Со ова, како што нагласи, е овозможен полесен пристап на сите лекари радиолози, до рентген дијагностики што се изведуваат тука.