ноември 21, 2024

Се урна авион за обука на грчкото воено воздухопловство

Авион за обука на грчкото воено воздухопловство се урна претпладнево во близина на воениот аеродром во грчкиот град Каламата, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на военото воздухопловство на Грција соопшти дека во 11.28 часот авион од типот Τ-2 Buckeye, што изведувал тренинг лет се урна при враќањето, на половина наутичка милја северозападно од аеродромот и во тек е операција за пребарување и спасување.

Во однос на тоа колку лица се превезувале, засега нема официјални информации, а според грчката телевизија ЕРТ во авионот бил само еден пилот.

Станува збор за авион од типот Τ-2 Buckeye со две седишта што се користи за обука на пилоти.

Read Previous

Над 9.000 луѓе починале во Појасот Газа бидејќи не добиле соодветен третман

Read Next

ЕК: Жалбите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат