ноември 23, 2024

Јас ќе бидам премиер и во наредната влада, вели Ковачевски

„На парламентарните избори пак, победник ќе биде проевропската коалиција која ја предводи СДСМ, а јас ќе повторно премиер и ќе ја составам наредната проевропска Влада. Тоа ќе биде Владата која ќе го обезбеди членството на Северна Македонија на Европската Унија. Тоа е моето ветување“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Цивил“.

Тој истакна дека е горд на постогнатото изминатите две години и дека во рамките на можностите и покрај глобалните околности, Владата направи многу.

„На почетокот на мојот мандат направивме историски исчекор и застанавме на страната на работниците со тоа што ја дефиниравме минималната плата на тогашни минимум 18.000 денари, со методологија за раст која се покажа за правилна одлука. И оваа придобивка ја почувствуваа многу семејства во земјата. Денес минималната плата е 20.175 денари, наредната година ќе продолжи да расте, затоа што решението е системско“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека просечната плата сега е 630 евра и ќе продолжи да расте, а системски се решија и пензиите.

„Пензионерите ги заштитивме и покажавме почит кон нив, затоа што тоа и го заслужуваат. Во неизборна година ја донесовме методологијата за раст на пензиите и тој проблем е веќе решен, и нема да зависи од волјата на ниту една Влада, и пензионерите веќе нема да се користат во предизборни цели“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека енергетската трансформација на земјата започна во неговиот мандат за што е исклучително задоволен.

„И крајно, а многу важно за иднината на земјата, конечно по 17 години чекање, преку мудри одлуки, дијалог и дипломатија, Северна Македонија отпочна преговори со ЕУ и тоа со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет и го почна и успешно го заврши скринингот. Ова е само доказ дека кога се сака, и кога се работи, успехот е неизбежен“ рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски додаде дека она на кое што треба да се посветиме дополнителн е борбата со корупцијата и вети дека тоа ќе биде фокус во наредниот мандат.

„Реформи на правосудниот систем со цел зголемување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста во тој сегмент, ќе е важен приоритет. Тука е планирана соработка со граѓанските организации и различни целни групи, со цел да обезбедиме широк општествен консензус по ова прашање, но и да се осигураме дека имплементацијата на тие политики ќе е брза и ефикасна“ рече Ковачевски.

Read Previous

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара поголема хуманитарна помош за Газа

Read Next

Бајден го повика Нетанјаху да ги заштити цивилите, но не и за прекин на огнот во Газа