септември 20, 2024

Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер во касарната во Петровец

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи традиционалната церемонија на пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер од составот на Армијата и доделување на новогодишни пакетчиња на деца на припадници на Армијата и Министерството за одбрана.

Манифестацијата е во организација на воздухопловниот ВИНГ.

Оваа активност, која традиционално се одржува секоја година во пресрет на новогодишните празници, особено е интересна за најмладите не само поради симболично пристигнување на „Дедо Мраз“ со хеликоптер, туку и можноста да ги разгледаат армиските хеликоптери.

Read Previous

Во Скопје се одржа централна манифестација по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Read Next

Кијив: Украина собори три руски борбени авиони Су-34 на 40 километри од фронтот