ноември 24, 2024

Во Чешка утре е Ден на жалост заради масовното убиство на универзитетот во Прага

Чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донесе одлука 23 декември ( сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот.

-Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката, рече Фијала синоќа, пренесен од чешките медиуми.

Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја.

Вчера на плоштадот Јан Плач во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени.

Read Previous

Кривична пријава против двајца затворски работници во КПУ Затвор Струмица

Read Next

Научниците открија што би можела да му направи нуклеарна експлозија на астероид опасен по Земјата