ноември 23, 2024

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Во државава најстудено изутринава е во Берово, каде во 7 часот се измерени – 7 степени, по што следуваат Битола и Тетово со – 5, Скопје-Петровец, Куманово, Прилеп, Штип, Велес, Струмица и Демир Капија, – 4 степени,  Кавадарци и Маврови Анови, – 3,  Скопје-Зајчев Рид,  Крива Паланка и Дебар, – 2, Охрид, Претор и Виница – 1.

Како што информира УХМР, најмногу снег, 43 сантиметри, има во Маврови Анови, а снежната покривка во Крушево е 27 сантиметри, во Попова Шапка 15, а Берово шест.

Времето денеска ќе биде сончево, по котлините со појава на магла. Ќе биде претежно тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14 степени.

Read Previous

Житарките и ароматизиранот јогурт потенцијално неблаготворни за шеќерот во крвта

Read Next

Гугл ќе ги исклучи колачињата за милиони корисници на 4 јануари: Што значи тоа?