ноември 22, 2024

Абдел Фатах ал Сиси: Војната во Газа е закана за националната безбедност на Египет

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека војната меѓу Израел и Хамас е закана за националната безбедност.

„Оваа тековна војна на нашите источни граници, која не тера на мобилизација на сите наши напори за да се спречи нејзиното продолжување, претставува закана, особено за националната безбедност на Египет и за палестинската кауза воопшто“, рече Ал Сиси во телевизиско обраќање, откако го освои трет мандат како шеф на државата.

Read Previous

Риши Сунак: Премногу цивили се убиени во конфликтот Израел-Хамас

Read Next

Инцидент на протестите во Белград