ноември 24, 2024

Пораст на бројот на заболени од новата варијанта на коронавирусот

Иако никој од нас кој планира празнични собири или патувања не сака да слушне лоши вести, фактите укажуваат на зголемување на бројот на пациенти и заразени со новата варијанта на коронавирусот – JN.1, што ги загрижува експертите, пренесува Medscape.

Добрата вест е дека неодамнешните истражувања покажуваат дека ажурираната вакцина против ковид-19 за сезоната 2023-2024 година делува и против најновата варијанта.

„Во Америка веќе започна бранот на новата подваријанта на омикрон – JN.1, но може да се ублажи со бустер вакцина и други мерки кои ни се познати од порано“, рече д-р Ерик Топол, лекар, професор и уредник на Medscape, сестринска веб-страница на WebMD.

Но, проблемот е што многу малку луѓе досега се вакцинирани, на пример, помалку од 16 отсто од возрасните во САД, пренесува Хина.

Оттаму, заразните и епидемиолозите сметаат дека е време ЦДЦ да објави јавен повик за вакцинација со ажурирана вакцина пред да биде предоцна, односно додека антителата сè уште можат да „проработат“ пред да започнат празничните собири.

„Овде веќе започна бранот на подваријантата ЈN.1, но може да се ублажи со примена на бустер доза на вакцината и претходно познати мерки кои го спречуваат ширењето на вирусот“, рече Топол.

Во меѓувреме расте бројот на заразени и болни. Според податоците на ЦДЦ, речиси 10.000 пациенти биле хоспитализирани поради ковид во Соединетите Држави во една недела и посочува дека тоа е 10 отсто зголемување во однос на претходната недела.

Read Previous

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон, секое импровизирање може да фрли дамка врз целиот изборен процес

Read Next

Интернетот наместо да го направи светот порационален, тој стана средство за „луди идеи“