На празниот простор на поранешната фабрика „Алумина“ во Скопје ќе се градат осум нови згради. Општина Карпош го изготви Деталниот урбанистички план (ДУП) З06 блок 11 кој го опфаќа само делот на некогашна „Алумина“, за кој во тек е јавната анкета, а јавната презентација ќе се одржи на 12 декмври во 13 часот во просториите на Општина Карпош, објави СДК.мк
Според 3Д презентацијата која е објавена на веб страната на Општина Карпош, на просторот се нацртани осум згради, од кои шест се со висина од 9 до 14 ката, а две се кули од 25 до 35 ката. На презентацијата зградите се претставени со зеленило на терасите, на просторот се изведени улици и мини-паркови меѓу зградите, но нема ниту еден објект за јавна намена како градинка или школо.
Целата вест на СДК.мк