декември 3, 2024

Бугарско МВР за Алсат: Немаме податоци дека Палевски е во Бугарија

До овој момент нема податоци дека Љупчо Палевски се наоѓа на територијата на Р. Бугарија – ова е кусиот одговор од утринава на Министерството за внатрешни работи на Бугарија на прашањето на Алсат дали бугарската полиција има информации за влез или излез на Палевски преку граничните пунктови на земјата.

Министерот Оливер Спасовски вчера информира дека Палевски на 30-ти ноември заминал за Белград, а потоа и за Бугарија, по што му се губи трага. Првоосомничениот, според она што го соопшти Спасовски, ја напуштил земјава три дена по извршувањето на грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Read Previous

Министерството за правда побара од турските власти Љупчо Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката за екстрадиција

Read Next

Османи од Брисел: Успешно завршен скрининг процесот, доколу не ги усвоиме уставните измени, нашиот европски пат ќе запре