ноември 23, 2024

Пуштен во употреба најголемиот фузиски реактор во светот

Јапонија неодамна го претстави најголемиот светски експериментален нуклеарен фузиски реактор, JT-60SA, и со тоа го најави како потенцијално решение за глобалните енергетски потреби.

За разлика од конвенционалните методи на фисија, фузијата вклучува спојување на две атомски јадра со цел производство на повеќе енергија отколку што е вложено.

Реакторот е сместен во зграда висока шест ката во близина на Токио, а комората во JT-60SA ќе содржи плазма загреана на неверојатни 200 милиони степени Целзиусови.

На оваа иницијатива работат повеќе од 500 научници, инженери и компании ширум Европа и Јапонија. JT-60SA има за цел на човештвото да му го приближи создавањето фузиска енергија, потфат кој може да донесе револуција во целиот енергетски сектор.

Извор: popular science

Read Previous

Ковачевски во Брисел: ЕУ е нашиот најголем економски партнер

Read Next

Министерството за правда побара од турските власти Љупчо Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката за екстрадиција