ноември 21, 2024

Повторно хаос во албанскиот Парламент

Пленарната седница во албанскиот законодавен дом, како и изминатите неколку претходни, почна во тотален хаос, откако пратениците од опозицијата запалија димни бомби, удираа по собранискте маси и говорницата ја блокираа со столчиња.

Припадниците на Националната гарда, задолжени за обезбедувањето, се обидуваа да им ги оздемат димните бомби од рацете на пратениците.

При тоа пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, беше исклучен од Собранието откако фрли димна бомба и нападна припадник на гардата, кога се обиде да му ги одземе бомбите, кои му ги давала сопартијката Албана Вокши.

Предупредувањата на собранискиот спикер Линдита Никола да се повикаат на одговорноста што ја имаат, беа залудни, по што седницата беше одложена.

Read Previous

Тренчевска: До крајот на декември треба да започне исплатата на новиот пакет антикризни мерки

Read Next

Палевски одел пеш по автопат во Баликесир кога турската полиција го уапсила