Повеќе од 50.000 новогодишни светилки светнаа на елката во њујоршкиот Рокфелер центар, а многубројната публика учествуваше во традицијата која трае повеќе од 90 години.
За целосно осветлена масивната норвешка смрека, висока 24 метри, беа потребни околу осум километри кабел со ЛЕД светилки.
На врвот на новогодишната елка е ѕвезда обложена со блескави кристали Сваровски, пишува АП.