ноември 23, 2024

Израелските сили упаднаа во најголемата болница во Газа

Израелските сили извршија рација во најголемата болница во Газа рано во средата, каде стотици пациенти, вклучително и доенчиња, биле заглавени без залихи и без електрична енергија, додека израелската војска ја прошири контролата врз градот Газа и северниот крајбрежен палестински појас.

Мухамед Закут, директорот на болниците во Газа, рече дека израелските тенкови влегле во болничкиот комплекс и војниците влегле во зградите, вклучително и одделот за итни случаи и хирургија, во кои се сместени единиците за интензивна нега.

„Окупациските сили упаднаа во зградите“ изјави тој во телефонски разговор.

Тој рече дека пациентите, вклучително и децата, биле преплашени.

“Тие врескаат. Тоа е многу страшна ситуацијата, не можеме да направиме ништо за пациентите освен да се молиме”, изјави директорот на болницата.

Болницата Ал Шифа стана симбол на раширеното страдање на палестинските цивили за време на војната меѓу Израел и Хамас, која избувна откако екстремистичката група уби околу 1200 луѓе и зароби околу 240 во ненадеен напад во јужен Израел на 7 октомври.

Read Previous

Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот

Read Next

Кинескиот претседател пристигна во САД, ќе се сретне со Џо Бајден