ноември 23, 2024

Израел изврши воздушни напади близу болниците во Газа

Болницата Ал-Шифа, во која се сместени илјадници пациенти и бегалци, беше цел на проектили кои наизменично се истрелани од израелските авиони

Израелските авиони рано утринава ја бомбардираа околината на болницата Ал-Шифа и детската болница Ал-Наср во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, болницата Ал-Шифа, во која се сместени илјадници пациенти и бегалци, била цел на проектили кои наизменично биле истрелани од израелските авиони.

Во нападите со шрапнели е оштетена околината на болницата.

Во воздушен напад во близина на детската болница Ал-Наср во западниот дел на градот загинаа тројца Палестинци, а десетици се ранети.

Израелската артилерија, пак, стрелаше и кон источниот дел на градот Рафа.

AA

Read Previous

Група експерти во Германија предлага младите до 18 години да добиваат по 10 евра месечно за да инвестираат на берзата

Read Next

Путин: Русија ќе остане главен извозник на пченица во светот