ноември 21, 2024

Хрватска под итно ги повлече сомнителните пијалоци од пазарот

Санитарната инспекција на Хрватска соопшти дека од пазарот се повлечени сите сомнителни пијалоци, откако неколку лица се затруле од минерална вода.

Заради заштита на здравјето на луѓето, односно постоењето сомнеж дека храната не е безбедна, а согласно Законот за храна, санитарната инспекција привремено и забрани на трговската компанија да ги става во промет и да фи повлече сомнителни производи.

Во тек е инспекциско испитување, а веднаш по добивањето на резултатите од санитарната инспекциска анализа ќе бидат преземени мерки пропишани со закон.

Седум лица во Хрватска досега побарале медицинска помош со симптоми на хемиски повреди на устата, непцето, хранопроводникот и желудникот, по консумирање безалкохолни пијалоци.

Труењата се случиле на подрачјето на Риека, Загреб и Вараждин.

Read Previous

Медал за честа служба на генералниот директор на Бајкар “Халук Бајрактар” ​​во Косово

Read Next

Приведен разбојник од Скопје, дел од украденото вратено на сопствениците