Во рамките на активноста организирана во село Тимјаник, во Неготино, на 20 семејства им беа донирани потребните средства за одгледување јагоди, како и садници јагоди.
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), во рамките на Програмата за поддршка на руралниот развој во Северна Македонија, донираше материјали за одгледување јагоди, јавува Анадолу.
Во рамките на активноста организирана во село Тимјаник, во Неготино, на 20 семејства им беа донирани потребните средства за одгледување јагоди, како и садници јагоди.
На оваа церемонија учествуваа координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, како и семејствата што добија донации.
Бајрак нагласи дека од 2005 година ТИКА во Северна Македонија реализира проекти и активности во различни области, како што се здравството, образованието, земјоделството, инфраструктурата и друго.
„Во овие рамки досега во Северна Македонија реализиравме 21 проект во областа на земјоделството и сточарството“, рече Бајрак.
Тој нагласи дека проектот околу одгледување јагоди го започнале во 2021 година.
Бајрак информира дека на 20 семејства од општините Радовиш, Конче, Демир Капија, Неготино, Градско и Ресен им доделуваат 100.000 садници јагоди, како и различни материјали за одгледување јагоди.
AA