мај 14, 2024

Бектеши: До крајот на ноември ќе чекаме одговор на нашето барање за таксата за транзит на руски гас

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на нашето барање до Европската комисија за таксата што ја воведе Бугарија за транзит на рускиот гас.

– До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши вечерва во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра

Read Previous

Од денеска лицата над 65 години може дома да се вакцинираат против грип и ковид-19, тимовите ќе вакцинираат и деца кои пропуштиле да се имунизираат

Read Next

Газа: 1.000 загинати, повредени и исчезнати во израелските воздушни напади врз кампот Џабалија