Поранешниот претседател на Уставниот суд Салих Мурати бара употребата на турскиот јазик да биде вклучена во новиот Деловник на Собранието. Тој поради ова им пишал на претседателот на Собранието, пратениците, но и до ОБСЕ.
-Денеска писмено им се обратив до претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, до сите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и до шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот г. Килијан Вал, во кое истакнав дека членовите 3, 19 и 35 од Предлог-Деловникот, кои ја предвидуваат употребата на јазиците на парламентарните седници и работните групи, не се во согласност со многу членови од нашиот Устав, со стекнатите права на малцинските заедници, меѓународното право, европските вредности и компаративната судска практика.
Врз основа на нашиот устав, нашите стекнати права и меѓународното право, нема правна препрека за употреба на турскиот јазик на сите седници и работни тела на Собранието, а употребата на турскиот јазик треба да биде вклучена во новиот Деловник на Собранието на Република Северна Македонија, вели тој.
ДО: -Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Гос. Талат Џафери
– До сите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија,
– Мисијата на ОБСЕ во Скопје -Амбасадорот Гос. Килиан Вал
Од: Салих Мурати,
Поранешен претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Во врска со новиот предлог-Деловник на Собранието на Република Северна Македонија
Почитувани,
Пред Собранието на Република Северна Макеоднија е во тек расправа и постапка за носење на нов Деловник на Собранието на Република Северна Македонија.
Основната причина за носењeто на нов Деловник помеѓу другото е поради овозможување на демократските процеси во работата на Собранието и на работните тела, доуредување на делот од постапката при разгледувањето на предлозите на законите, Усогласувањето со Законот за употреба на јазиците, уредување на одредени прашања на поинаков начин и прецизирање на постојни одредби и дека процесот на подготовка на Деловникот бил воспоставен преку развиениот интрумент од Европ-скиот парламант се со цел создавање на правила за поефикасно функционирање на Собранието и работните тела.
Помеѓу другото во Деловникот се предвидува и тоа:
Член 3
(1) Во работата на Собранието службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо.
(2) Пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на седница на Собранието и седници на работни тела зборува и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија.
(3) Пратеник, кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија кога претседава со седница на Собранието или седници на работните тела, истите ги води на тој јазик.
(4) Пратеник, избран или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот јазик, а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија, материјалите навремено ги добива, односно доставува и на неговиот јазик и писмо за да послужат на седница на Собранието или седници на работните тела.
Член 19
(1) На пратеникот на кој му е верифициран мандатот му се издава легитимација и картичка за електронско гласање.
(5) Легитимациите и картичките за електронско гласање на пратениците се издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо, доколку пратеникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија.
Член 35
(5) Стенографските белешки од седница на Собранието и од седници на работните тела, како и другите материјали и документи се издаваат и се чуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо.
Сметаме дека горенаведените и предложени деловнички одредби во членовите 3, 19 и 35 се спротивни на следниве уставни одредби:
Член 1
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Член 2
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.
Член 8
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Ма кедонија се:
- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот;
- слободното изразување на националната припадност;
- владеењето на правото;
- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународ ното право.
Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло,
политичкото и верското уверува ње, имотната и општествената положба.
Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Член 16
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Член 20
На граѓаните им се гарантира слободата на здружување за ради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.
Член 23
Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.
Член 48 (А М А Н Д М А Н VIII)
Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница.
Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници.
Член 51
Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Само за потсетување дека Турскиот јазик е еден од најпространите јазици во светот, меѓу најкодифицираните и меѓу највлијателните јазици кон развојот и афирмација на другите јазици во светот.
И во Југословенското Кралство и во Социјалистичка Република Македонија турскиот јазик и писмо биле во подобра позиција, по употреблив и по користлив во тогашните устави и закони, во Собранијата и Работни тела, наспроти во плурална и демократска Република Северна Македонија.
Подолу ќе наведем примероци на повеќе деловници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија од 1945 па се до 1990 година.
Деловниците на Собранието на Социјалистичка Република Македонија беа многупати менувани од 1965 до 1991 година. Кога ги анализираме овие деловници, се појавува прекрасна слика. Според член 34 од Деловникот од 1965 година, секој пратеник има право да зборува на јазикот на нацијата на која и припаѓа. Говорите на јазиците на националностите веднаш се преведуваат на македонски јазик.
Новиот Деловник донесан е подоцна во 1967 година ги подигна демократските права и слободи во оваа свера. За прв пат ја споменува формалноста на албанскиот и турскиот јазик.
Согласно на чл. 31, За што целосно остварување на пратеничката функција, на пратениците им се обезбедуваат услови во работата на телата на Собранието да се служат со јазикот на народот; на кој му припаѓаат. Говорите на пратениците одржани на седниците на соборите, комисиите, одборите и другите тела на Собранието на албански или турски јазик се преведуваат на македонски јазик, а говорите одржани на македонски јазик се преведуваат на албански и турски јазик.
На пратениците што и припаѓаат на албанската или турската народност предлозите на закони и други акти и другите материјали по кои расправаат односно одлучуваат соборите, одборите и комисиите, им се доставуваат на албански однос но турски јазик. На пратеникот што и припаѓа на албанската или турската народност материјалите му се доставуваат на македонски јазик, ако тој тоа го побара.
Новата регулатива воведена во 1971 година не само што обезбедува употреба на јазиците туку и гарантира дека албанскиот и турскиот јазик стануваат пофункционални. Членовите 43, 44 и 45 се занимаваат со овие прашања.
Член 43 На пратениците им се обезбедуваат услови во Собранието да се служат со јазикот и писмото на народот односно на народноста на кои тие им припаѓаат.
Член 44 Говорите на пратениците одржани на заедничка седница на сите собори на Собранието, на седница на собор како и на седниците на нивните тела на албански или на турски јазик се преведуваат на македонски јазик. Говорите на пратениците одржани на заедничка седница на сите собори на Собранието односно на седница на собор на македонски јазик, се преведуваат на албански и на турски јазик. Говорите на пратениците на седница на комисија, одбор или друго тело на Собранието односно на собор одржани на македонски јазик, по барање се преведуваат на албански односно на турски јазик.
Член 45 На пратениците што и припаѓаат на албанската и на турската народност предлозите на закони и на други акти како и другите материјали по кои расправаат односно одлучуваат соборите, одборите и комисиите, им се доставуваат на албански односно на турски јазик. На пратениците што им припаѓаат на албанската или на турската народност, материјалите од претходниот став им се доставуваат-на место на албански односно на турски јазик- на македон ски јазик, ако тие тоа го побараат.
Истите одредби подоцна беа вклучени во член 53., 54. и 55. од новата регулатива воведена во 1975 год. И не само тоа, оваа регулатива обврзуваговорите на македонските пратеници да се преведуваат на албански и на турски јазик.
Член 53 На делегатите им се обезбедуваат услови во Собранието да се служат со јазикот и писмото на народот односно на народноста на која тие им припаѓаат.
Член 54 Говорите на делегатите одржани на заедничка седница на сите собори на Собранието, на седница на собор како и на седниците на нивните работни тела на албански или на турски јазик се преведуваат на македонски јазик. Говорите на делегатите на македонски јазик, одржани на заедничка седница на сите собори на Собранието односно на седница на собор, се преведуваат на албански и на турски јазик. Говорите на делегатите одржани на македонски јазик на седница на работно тело на Собранието и на соборите, по барање, се преведуваат на албански односно на турски јазик.
Член 55 На делегатите од албанската и турската народност предлозите на закони и на други акти како и другите материјали по кои расправаат односно одлучуваат соборите и работните тела на Собранието и на соборите, им се доставуваат на албански односно на турски јазик. На делегатите од албанската и турската на родност, материјалите од претходниот став им се доставуваат -наместо на албански односно на турски јазик- на македонски јазик, ако тие тоа го побараат.
Истите одредби и права се вклучени во Деловникот донесен во 1986 година.
Од наведеното и споредувањето на корисење на Турскиот јазик во Собранието и работните тела во Социјалистичка Република Македонија, во споредба во Република Северна Македонија од аспект на употребата и користењето во Собранието, Турскиот јазик и Турската заедница во земјава се жртви на политичките наметнувања, а не на објективните квалитети и реалности.
Денешната уставна и законска подлога спрема турскиот јазик во работата на Собранието нема допирна точка со правната, историската, лингвистичката и все научната реалност.
Ќе илустирирам неколку компарациии за употреба на јазиците во Советот на Европа, Република Србија, Црна Гора и Република Косово.
- Деловник за работа на Собранието на Совето на Европа
(Резолуција 1202 (1999) усвоена на 4 ноември 1999 година)
ГЛАВА VII – ЈАЗИЦИ И ИЗВЕШТАИ
Член 28 – Службени и работни јазици
28.1. Официјални јазици на Собранието се францускиот и англискиот. (Види член 28. од Статутот на Советот на Европа)
28.2. Документите на Собранието се објавуваат на двата службени јазици.
28.3 Работните јазици на Собранието се оние на земјите-членки кои се главни придонесувачи во буџетот на Советот на Европа, под услов потребните средства за нивното финансирање да бидат внесени во буџетот на Собранието.
Член 29 – Толкување во Собранието
29.1 Зборовите изговорени на службен или работен јазик истовремено се толкуваат на другите официјални и работни јазици.
29.2. Говорите може да се одржат на јазик различен од официјалниот или работниот јазик. Во такви случаи говорителот е одговорен да организира симултано преведување на еден од официјалните или работните јазици, кој истовремено ќе се толкува на други официјални и работни јазици.
Член 30 – Толкување во комисии
30.1. Толкувањето за време на состаноците на комисиите и Бирото се дава на официјалните јазици, а за работните јазици под условите пропишани во Правилникот.
28.3. Толкувањето на состаноците на Комитетот за избор на судии на Европскиот суд за човекови права и во поткомитетите ќе биде ограничено на официјалните јазици.
30.2. Согласно согласноста на претседателот на комисијата, говорител кој не може да користи еден од официјалните или работните јазици може да донесе преведувач. Тогаш ќе се обезбеди толкување, колку што е можно, под истите услови како и во Собранието.
- Во Законот за Народното Собрание на Република Србија предвидува
Член 9.
Во работата на Народното собрание официјално се користи српскиот јазик и кирилицата, а латиницата се користи согласно законот.
Пратеникот има право да говори на седницата на Народното собрание и да доставува писмени документи во работата на Народното собрание, предвидени во Деловникот, на својот јазик.
Кога пратеникот во работата на Народното собрание го користи својот јазик во смисла на став 2 на овој член, трајно или во одреден случај, генералниот секретар на Народното собрание е должен да обезбеди симултан превод на неговото усно излагање или документот што го доставил на српски јазик. - Деловник на Собранието на ЦРНА ГОРА
(“Службен весник на Црна Гора”, бр. 059/13 од 26.12.2013)
Употреба на јазикот
Член 52
Пратеник чиј јазик не е службен јазик во Црна Гора има право да зборува на својот јазик на седницата на Собранието, со тоа што, доколку сака да го искористи тоа право, е должен да го извести генералниот секретар за Собрание навремено, со цел да се обезбеди превод на официјалниот јазик.
- Деловник на Собранието на Република Косово
(Приштина, 29 април 2010 година ) Јaзици во Собранието:
Член 78. Употреба на јазикот во Собранието
Седниците на Собранието и на комисиите се одржуваат на албански и српски јазик, со превод обезбеден по потреба.
На пратениците кои не припаѓаат на албанската и српската заедница им е дозволено да се обратат пред Собранието и комисиите на својот јазик. Во такви случаи, за другите членови на Собранието или комисии, се обезбедува превод на албански и српски јазик.
Член 79. Јазик на документација
- Сите официјални документи на Собранието се составени на стандардниот албански и српски јазик. Собранието ќе се залага за изготвување официјални документи на јазикот на таа заедница, освен на албанската и српската заедница, на кои се однесува документот. Пратениците од овие заедници можат да поднесат документи на разгледување до Собранието или до собраниските комисии на нивниот јазик. Во такви случаи, по барање ќе се обезбеди превод на албански и српски јазик за другите членови на Собранието или комисии.
- Во преписот од работата на Собранието секоја расправа се запишува само на јазикот на говорникот.
Од изнесените компаративни анализи се гледа дека понудените решенија за нашиот Деловник во членовите 3, 19 и 35 се дискриминаторски, наметнати, политички, за разлика од другите држави каде решенијата им се недискриминатор-ски, афирмативни, демократски и се почитува еднаквост на сите пратеници во нивните Собранија. Правото на употреба на Турскиот и друг јазик во Собранието и работните тела произлегува од наведените уставни одредби и меѓународни норми, а не од Законот за употреба на јазиците како што е и во другите држави (Примери од Совето на Европа, Србија, Црна Гора, Косово и др.)
Правото на користење на мајчин јазик и јазикот на неговите гласачи во Собра-ниeто и работните тела е основна алатка за функционална независност на народниот пратеник со што се остварува уставната гаранција, слободата на уверува-њето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и слободата на говорот.
Денешната позиција на службената употреба на Турскиот јазика во Собранието на Република Северна Македонија е во спротивност и се повредуваат одредбите на Универзална декларација за правата на човекот, Меѓународна конвенција за укинување на сите форми на расна дискриминација, Европска конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, Европска повелба за регионалните или малцинските јазици и Рамковна конвенција за заштита на националните малцинства и друго.
Моменталната позиција во врска со употреба на Турскиот јазик во Собранието и работните тела не кореспондира со „слободното изразување на националната припадност„ (Член 8 став 2) „почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право„ (член 8 став 1, алинеја 2) „Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви„ ( член 9) „Се гарантира слободата на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање„. (член 16) Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на националностите. (член 48 т.е. амандман VIII) и со други горе наведени членови од Уставот.
Без право на службена употреба на Турскиот јазик во Собранието и во Работните тела, Турските пратеници и Турската заедница во РСМ се обесправени и спречени во изразувањето на нивниот национален идентитет, спрема нивниот јазик, не се почитуваат општо прифатените норми на меѓународното право, не се еднакви во слободите и правата со другите пратеници/граѓани и поради тоа не се еднакви пред уставот и законите во употреба на нивниот јазик, не им се гарантира слободата на мислата и јавното изразување на мислата во врска со нивниот јазик пред Собранието и Работните тела и на крајот Републиката не им гарантира еднаква заштита на јазичниот идентитет.
Повикуваме претседателот на Собраниети и сите пратеници да ги земат во предвид наведените уставни, компаративни и историски наводи при донесување на новиот деловник на Собранието на Република Северна Македонија.
Скопје 29.10.2023Салих Мурати
Поранешен Претседател на Уставниот Суд на
Република Северна Македонија