Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се на исто месечно ниво и пониски за 2.4 % на годишно ниво.
Во септември, во споредба со август годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1 % и Трајни производи за 0.3 %.
Во споредба со септември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 7.8 % и Капитални производи за 6.1 %.