ноември 23, 2024

„Туркиш ерлајнс“ ја држи круната како највреден бренд на Туркије

Националниот авиопревозник забележа раст на вредноста на брендот од 26 отсто на годишно ниво, се вели во најновиот извештај на Brand Finance, водечка светска консултантска компанија за вреднување на брендовите

„Туркиш ерлајнс“ ја задржа својата круна и во 2023 година како највреден бренд на Туркије шеста последователна година со вреднување од 2 милијарди долари, покажува новиот извештај објавен денес, јавува Анадолу.

Националниот авиопревозник забележа раст на вредноста на брендот од 26 отсто на годишно ниво, се вели во најновиот извештај на Brand Finance, водечка светска консултантска компанија за вреднување на брендовите.

Големите турски производители на апарати Арчелик и Вестел се следни по авиопревозникот со вредност од 1,5 милијарди долари, односно 924 милиони долари.

„Туркиш ерлајнс“, исто така, го зазеде првото место и во 2022 година со вредност на брендот од 1,6 милијарди долари.

Приватните Гаранти ББВА и Ишбанка ја зголемија вредноста на нивниот бренд за 44 отсто на годишно ниво, на 767 милиони долари, односно на 45 отсто, 736 милиони долари, рангирајќи се на четврто, односно петто место.

Во првите 10 бренда во Туркије се и малопродажниот синџир БИМ (589 милиони долари), Зират банка (560 милиони долари), производителот на автомобили Форд Отосан (543 милиони долари) и операторот Турксел (532 милиони долари).

Говорејќи за постигнатите резултати, челникот на „Туркиш ерлајнс“, Ахмет Болат, порача: „Ќе продолжиме да го носиме нашиот бренд, кој ги претставува крилјата на Туркије, како што сонувавме пред 90 години, и до уште поголеми достигнувања. Исто како што се вивнуваме високо кон синото небо, ќе продолжиме да се искачуваме високо во полето на брендовите. Им благодарам на сите колеги што придонесоа за овој успех.“

Со пресметување на финансиската вредност на брендовите во изминатите над 20 години, Brand Finance во моментов вреднува 5.000 бренда секоја година.

Основана во 1933 година со флота од пет авиони, „Туркиш ерлајнс“ моментно има флота од 419 (патнички и карго) авиони што летаат до 344 светски дестинации, од кои 291 меѓународни и 53 домашни.

AA

Read Previous

Ердоган за шведската кандидатура за НАТО: Шведска мора да го направи својот дел во борбата против тероризмот

Read Next

Спасовски: Приклучување на Западен Балкан во ЕУ за заокружување на стабилноста на европскиот континент