ноември 23, 2024

Петровска во посета Вермонт каде свечено ќе биде одбележан 30-годишниот јубилеј од партнерството помеѓу Армијата и  Националната гарда на Вермонт

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се во заедничка посета на Националната гарда на Вермонт.

Во Вермонт свечено ќе биде одбележан 30-годишниот јубилеј од партнерството помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, која има силно значење и огромен, позитивен придонес за трансформација на македонската Армија.

Тридецениското партнерство со Националната гарда на Вермонт има суштински придонес во развојот на капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија. Преку можноста за воено образование и обука во капацитетите на Националната гарда на Вермонт, нашите припадници се стекнаа со практични вештини директно од Вооружените сили на САД. Околу 5.000 припадници на македонската Армија поминале низ процес на обука и тренинзи на Националната гарда на Вермонт, значајно подигнувајќи го нивото на обученост и достигнувајќи ги НАТО стандардите.

За време на посетата на сојузната држава Вермонт, Петровска ќе оствари средба и со гувернерот на Вермонт, Фил Скот, со командантот на Националната гарда, генералот Грегори Најт, претседателот на универзитетот Норвич, генерал мајор Марк Анарумо, а ќе го посети и тренинг полигонот Итан Ален.

Министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски на воениот полигон Итан Ален ќе ја проследат заедничката вежба на македонските војници од четата за Атомска биолошка и хемиска одбрана и Националната гарда на Вермонт, а ќе ја посетат и воздухопловната база на националната гарда на Вермонт и Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт.

Read Previous

Денеска средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Read Next

На матурска вечер во Ричмонд убиени матурант и неговиот татко, седум други лица се ранети