ноември 25, 2024

Околу 1850 војници на НАТО на Криволак, почнува воената вежба „Брз одговор 23“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни.

„Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Дополнително, Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.

Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како дел од опремата се оклопни возила од серијата на „HMMWV“ борбени хеликоптери „АН-64 АРАСНЕ“, транспортни хеликоптери „UH-60“ (Black Hawk), транспортни хеликоптери „CH-47“ (Chinook), транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black Hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и артилериски орудија „хаубици и минофрлачки”.

Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД.

Поради заштита на животната средина, во соработка со универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет е организирано мерење на суспендирани честички на АП „Криволак“ за цело време на вежбата. 

Read Previous

Почна собраниската расправа по предлог-измените на Законот за градење

Read Next

Гир: Имате јасен пат пред вас, искористете го моментумот за напредок во евроинтеграциите