Граѓаните сакаат европска перспектива и за нив единствената опција сè уште е Европската унија, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Според него, долгогодишната политика на сеење страв која што ја практикува опозицијата е причината што граѓаните во моментов се против промена на Уставот.
-Сеење страв и поигрување со националните чувства на граѓаните од страна на опозицијата дека ќе ни се одземе идентитетот, дека ќе има бугаризација, федерализација, кантонизација или дека јазикот ќе ни биде одземен само штетат на државата и граѓаните. Не можеме и не сакаме да ја убедиме Бугарија во тоа кои сме и што сме. Сакавме и во тоа успеавме да ја убедиме ЕУ односно другите 26 држави членки, да не ја преземат политиката на Бугарија како европска, да не биде негирањето на македонскиот јазик и обидите за негирање на идентитетот на ниво на европска политика, истакнува вицепремиерот Маричиќ на гостувањето во „Детектор“.