ноември 25, 2024

Б92: Осум деца меѓу убиените во училиштето во Белград

Осум деца, припадник на обездедувањето и професорка се убиени кога 14-годишно момче пукаше во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави Б92, потенцирајќи дека засега нема официјална потврда.

Момчето упаднало на час по историја и почнало да пука кон учениците, потврдено за Б92.

Едно дете е животно загрозено и во моментов е на операција каде му се третира повреда на главата. Други две деца се хоспитализирани со прострелни рани и во моментот се на интензивна нега.

Напаѓачот е уапсен.

Read Previous

Акција на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“: Сакаме да ги слушнеме маките на граѓаните

Read Next

Пендаровски: Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество