Опасен тренд меѓу децата. Девојче на возраст од 13 години било нападнато од нејзините врсници, додека се враќала од училиште.
Децата ја влечеле по земја, ја удирале, други ја гледале. Овој нов опасен тренд кој е се почест меѓу децата, бил сниман и потоа објавен на популарните социјални мрежи.
Британски „Скај њуз“ известува дека околу жртвата се собрале уште дваесетина деца и ја исмејувале.
Според експертите се работи за растечки тренд во британските училишта и ваквите инциденти се загрижувачки.
Се верува дека се почестите вакви напади се направени за да се снимат видеа односно создавање содржина за споделување и смеење во приватните групи на „Снепчет“ (Snapchat).
Неколку деца го снимиле нападот, а се чини дека многумина знаеле за заседата. Едно дете кое снимало се приклучило на нападот во одреден момент, удирајќи ја жртвата додека била на земја.
Дури и жртвата подоцна дознала преку социјалните мрежи дека нападот бил планиран.
Храбрата 13-годишна девојка реши да проговори за своето искуство.
– Имав модро око, главата ме болеше секогаш кога зборував. Целото училиште знае за ова. Дури и мило ми е што немам мобилен телефон, бидејќи мислам дека само би ме бомбардирале со пораки за тоа – рекло девојчето.
Нема мобилен бидејќи напаѓачите го изгазиле. Били (44), полубрат и законски старател на жртвата, вели дека ова станува опасно лудо.
– Некое дете ќе го загуби животот поради ова лудило. Ова се случува низ целата земја – додаде тој.
Се повеќе сме сведоци како ваквото насилно однесување на децата подоцна се шири откако тие ќе го видат на социјалните мрежи.