ноември 24, 2024

Спасени 37 лица откако туристички брод се преврти кај Египет во Црвеното Море

Спасени 37 лица откако туристички брод се преврти кај Египет во Црвеното Море

Најмалку 37 лица се спасени откако брод со туристи потона недалеку од брегот на Египет во Црвеното Море, соопшти египетската армија, пренесува Анадолу.

„Египетската морнарица успеа да спаси 37 луѓе од различни националности од туристички брод откако тој се преврти“, соопшти портпаролот на египетската војска Гариб Абдел Хафез.

„На бродот имаше 14 Англичани, тројца Германци, четворица Белгијци, тројца Шпанци, Ирец и Швајцарец, покрај 11-те Египќани меѓу екипажот и нуркачите“, додаде тој.

Нагласи дека спасените патници добиле медицинска помош по нивното пристигнување на пристаништето во поморската база во Црвеното Море.

Абдел Хафез не соопшти повеќе детали за здравствената состојба на патниците.

На брегот на Црвеното Море има голем број одморалишта и континуирани крстосувања што ги привлекуваат туристите да доаѓаат во Египет.

AA

Read Previous

Најмалку 10 загинати во руските ракетни напади врз украинските градови во текот на ноќта

Read Next

Продолжени роковите за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук