Црн облак од чад утрово се крева од паркингот спроти трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје Звонко Томевски вели дека гори запалено ѓубре на паркингот.
„Чадот е од запалено ѓубре на паркингот кај хотелот ВИП. Пожарникарите со едно возило се на терен, а огнот е изгасен“, рече командантот Томевски.
Дел од паркингот спроти „Ист гејт“ беше претворен во мини депонија од лисја, гранки и секакви отпадоци.
извор:MAKFAX