декември 3, 2024

Тежок удар за Чави, Френки де Јонг повторно се повреди

Френки Де Јонг го форсираше своето враќање на терените, па се чини дека ја влоши ситуацијата. Според денешните информации, Де Јонг на саботниот тренинг повторно почувствувал болка и веднаш заминал на дополнителни прегледи.

Резултатите покажаа дека ситуацијата со повредата се компликува и сега на Де Јонг му требаат дополнителни петнаесет дена одмор, што значи дека ќе го пропушти полуфиналето во Копа дел Реј со Реал Мадрид. Ова е голем проблем за Чави Хернандез, бидејќи надвор од терените се и Педри и Осман Дембеле, како и Андреас Кристенсен, кој се повреди на репрезентативната пауза.

Барса го доби првиот натпревар пред еден месец со резултат 1-0, но во реваншот ќе биде значително ослабена, па сѐ ќе биде отворено.

Последото овосезонско „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид е закажано за в среда од 21:00 часот.

Read Previous

Изборите во Бугарија се без јасен победник, проруските сили добиваат поддршка

Read Next

Се ограничуваат цените на доматите, пиперот, кромидот, бананите, портокалите, лимонот,…