ноември 23, 2024

Спасовски: Има група на дојавувачи на бомби, кога ќе имаме докази ќе поднесеме и кривична пријава

Министерот Спасовски соопшти дека МВР продолжува со истрагата за откривање на лицата што се закануваа со бомби но дека за сега не може да даде било каква информација до каде е истрагата.

„Истрагите се водат во институциите, а не во медиумите и јавноста. Сега не може да се соопштат детали, кога ќе може ќе се соопштат на време. Најдобро е да се следат информациите кои доаѓаат од релевантните институциии. Сега има многу информации но и дезинформациии”, рече Спасовски.

Тој додаде дека во моментов се истражува група и кога ќе бидат обезбедени потребните докази ќе биде поднесена кривична пријава.

„Во однос на истрагата има група, еден кластер за кој се преземаат низа истражни дејствија, само ова може да се каже за сега. Кога ќе добиеме повеќе докази ќе биде поднесена кривична пријава. Ова е петта пријава до сега. Три се во Скопје, една во Кавадарци и една во Делчево. Кога ке се завршат постапките од истражните дејствија јавноста ќе биде известена”, изјави Спасовски.

Read Previous

Ковачевски – Столтенберг: Обединети и силни заедно во НАТО, Северна Македонија е фактор на стабилност

Read Next

Синдикатите и Министерството за здравство се договорија, покачување на платите за 3000 денари!