Фудбалската репрезентација на Шпанија загуби од Шкотска со 2:0 во квалификациите за ЕВРО 2024, а капитенот на „црвената фурија“, Родри, беше бесен на начинот на кој домашните го „трошеа“ времето по обезбеденото водство.
„Направивме Многу Добри Работи. Но, Примивме Лесни Голови. Тоа Е Фудбалот. Кога Тоа Ќе Ви Се Случи, Доаѓа Казната“, Изјави Родри.
Сепак, на капитенот на Шпанците не му се допадна како селекцијата на Шкотска играла во текот на мечот.
„Така Играат. Тие Постојано Одолговлекуваат И Го Трошат Времето. За Мене Тоа Не Е Фудбал. Судиите Треба Да Направат Нешто, Но Молчат. Сигурен Сум Дека Ќе Извлечеме Поука За Следниот Пат. Сакаме Да Се Бориме, Да Се Вклучиме Во Дуели. Ние Сме Борбен Тим, Но, Тоа Што Тие Го Играат Не Е Фудбалска Борба. Тоа Е Ср*Ње“, Изјави Нервозно Родри.