ноември 22, 2024

Позната улица во Лондон за првпат осветлена со 30.000 светилки по повод Рамазан

– „Среќен Рамазан“ е испишано со светилки на улицата што е една од важните туристички атракции во градот

Улицата Ковентри (Coventry), една од најпрометните улици во Лондон, првпат е украсена по повод Рамазан, светиот месец за муслиманите, со 30.000 светилки, известува Анадолу.

Улицата се наоѓа во близина на познатиот Лестер Сквер (Leicester Square) во центарот на британската престолнина.

„Среќен Рамазан“ е испишано со светилки на улицата што е една од важните туристички атракции во градот.

Концептот на осветлувањето го подготви непрофитната организација „Рамазански светла УК“ (Ramadan Lights UK), која има цел ширење на свеста за месецот Рамазан.

Освен граѓаните на Лондон, голем интерес за осветлувањето на улицата покажаа и странските туристи.

Светилките ќе ја осветлуваат улицата од 17 до 1 часот по полноќ по локално време, до 23 април.

AA

Read Previous

Туркије ја започна кампањата „Солидарност на векот“ по земјотресите

Read Next

Бугарското МНР ќе се жали во ЕУ за бришењето на клубот „Иван Михајлов“