ноември 22, 2024

Османи: Кога ќе се објават предлог -уставните амандмани, верувам дека ќе рефлектираат и тие што се против

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостувањето на ТВ21 зборуваше за уставните измени.

„Ме нема повеќе од 50 денови во медиуми. Тоа го правам за да не ги пренесат погрешно моите изјави во Бугарија. А тоа се пренесува и тука кај нас и го минира цел процес. Луѓето кај нас имаат реални фрустрации. Велат има ли крај оваа работа до ЕУ. Не е време за јавна дебата тука кај нас, кога во Бугарија е предизборен период. Многу важно е да имаме помош од меѓународниот фактор. Затоа, ќе почекаме уште малку и ќе отвориме јавна дебата за уставните измени. Верувајте, кога ќе се објават предлозите, кога ќе ги прочитаат формулациите, толку многу ќе се растеретат, кога ќе видат дека се работи само за технички работи, кога ќе видат дека Бугарите и сега ги има во Уставот, ќе треба само да ги именуваме со име, јас мислам дека ќе рефлектораат сите, дури и тие што се против!” вели Османи.

Read Previous

Потпишан Договорот за 70 милиони евра грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје

Read Next

Министерката за одбрана Петровска во Монс, Белгија ја посети Врховната сојузничка команда на НАТО