ноември 24, 2024

Јутјуб го враќа каналот на Трамп

Компанијата Јутјуб  (Alphabet Inc. YouTube) денеска објави дека ги укина ограничувањата за каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Платформата за видео стриминг го забрани Трамп на 12 јануари 2021 година поради кршење на неговата политика за поттикнување насилство. Тоа се случи откако неговите приврзаници упаднаа во американскиот Капитол кога Конгресот почна да ја потврдува победата на Џо Бајден на претседателските избори една недела претходно.

Јутјуб почна да ги отстранува видеата на крајот на 2020 година во кои тогашниот американски претседател Доналд Трамп „лажно обвинуваше дека исходот од претседателските избори бил под влијание на изборна измама“.

На почетокот на приказната за изборниот фалсификат, Јутјуб не се мешаше премногу, во споредба со Фејсбук и Твитер, кои ги означија коментарите на Трамп како дискутабилни веднаш по нивното објавување.

Read Previous

Пендаровски – Борел: Очите на ЕУ и на луѓето од Западен Балкан се насочени кон Охрид

Read Next

Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата