ноември 24, 2024

Бела куќа: Русија да одговора за воените злосторства против човештвото во Украина

Белата куќа излезе со коментар по повод налогот за апсење на Владимир Путин и уште едно руско официјално лице издаден денеска од Меѓународниот кривичен суд. 

-Претседателот на САД, Џо Бајден претходно јасно стави до знаење дека САД работат на тоа Русија да одговора за своите ѕверства и воените злосторства против човештвото кои се извршуваат на територијата на Украина, изјави во врска со ова Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Белата куќа. 

-Имаме намера да продолжиме да ги помагаме меѓународните органи затоа што тие собираат докази и веќе започнаа со нивна анализа, рече тој

Read Previous

Ковачевски-Ескобар: Северна Македонија кредибилен партнер на меѓународната заедница

Read Next

Пендаровски – Борел: Очите на ЕУ и на луѓето од Западен Балкан се насочени кон Охрид