Непознати лица синоќа упаднале во Културно-информативниот центар на Бугарија во центарот на Скопје.
Нема видливи траги на оштетување на фасадата на канцеларијата. Полицијата изврши увид, детали ќе бидат објавени во текот на денот, пренесува Трибуна.
Новите простории на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје свечено беа отворени на 25 ноември 2022 година во присуство на министрите за култура на Бугарија и на Република Северна Македонија.
Центарот е формиран во 2006 година како резултат на договор меѓу владите на Република Бугарија и Република Македонија од 18 април 2003 година.