ноември 24, 2024

Голфот поскапува за 1.600 евра: Фолксваген ги крева цените и за бензинците и за дизелците

Фолксваген ги зголеми цените на своите автомобили со мотори со внатрешно согорување во Германија како резултат на рекордната инфлација.

Од Фолксваген салоните добија информации за поскапувањето, а во образложението како причина се наведува „значително зголемување на трошоците за набавка на суровини, енергија и опрема“.

Просечната цена на моделите на Фолксваген со мотори со внатрешно согорување ќе се зголеми за 4,4 отсто, а тука спаѓаат моделите Голф, Тигуан, Пасат вагон, Поло, и Т-Рок.

Дури Ни Фолксваген Не Може Да Ја Избегне Високата Инфлација. Иако Даваме Се Од Себе, Ефектот На Трошоците Не Може Целосно Да Се Компензира“, Велат Од Компанијата.

Новите цени ќе бидат официјално воведени на 23 февруари.

Цената на основниот модел Поло ќе се зголеми за 905 евра, што значи зголемување од 4,5 отсто. Голфот ќе чини 1.585 евра повеќе или 5,36 отсто. За Т-Рок ќе треба да се издвојат дополнителни 1.455 евра или 5,98 отсто повеќе, додека „Артеон шутинг брејк“ сега ќе чини најмалку 42.270 евра или 1.985 евра/4,38 отсто повеќе.

Многу претставништва изразуваат загриженост за зголемените цени и сметаат дека Фолксваген  сушност треба да ги „намали“ цените. Еден дистрибутер смета дека поскапувањето е „шокантно“, особено што продажбата веќе опаѓа.

Зголемувањето на цената доаѓа по низа други промени на цените во изминатите 18 месеци. Фолксваген ги зголеми цените за речиси 11 отсто во средината на 2021 и 2022 година.

Read Previous

ОН: Исчезнаа 2,5 тони ураниум од Либија

Read Next

Жозеп Борел доаѓа во Северна Македонија