ноември 23, 2024

Напаѓачот од Хамбург е мртов – бил поранешен член на Јеховините сведоци

Полицијата во Хамбург утрово соопшти дека вкупно осум лица се мртви по синоќешниот вооружен напад во храм на Јеховините сведоци во градот, меѓу кои и осомничениот напаѓач, пишува „Гардијан“.

„Осум лица беа фатално повредени, вклучувајќи го и осомничениот сторител“, се вели во соопштението на полицијата во Хамбург, од каде додаваат дека неколку други лица се повредени од кои дел сериозно.

Мотивите за нападот, како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на полицијата и понатаму остануваат „целосно нејасни“.

Вооружениот напаѓач, според полицијата дејствувал сам, а како што пишува германскиот магазин „Шпигел“ (Der Spiegel) станува збор за лице на возраст меѓу 30 и 40 години кој бил поранешен член на верската заедница на Јеховините сведоци.

Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово го опиша пукањето како „брутален чин на насилство“, велејќи дека неговите мисли се со жртвите и нивните роднини.

Заедницата на Јеховините сведоци во Германија соопшти дека е „длабоко тажна поради ужасниот напад врз нејзините членови“, кој се случил по верска служба во нивната црква во Хамбург.

Read Previous

Пендаровски – Нефју: Борбата против криминалот и корупцијата од исклучително значење во градењето правна држава

Read Next

Ангеловска-Бежоска: Затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлациските очекувања