ноември 23, 2024

Детали за саботажата на „Северен тек“ објавени во Германија: Шестмина на јахта од Полска

Германските истражители го идентификуваа бродот од кој била извршена саботажа на гасоводите „Северен тек“, објави германскиот весник „Цајт“ (Zite). Германските медиуми „АРД“, „Контраст“, ​​„СВР“ и „Цајт“ наведуваат дека се работи за јахта изнајмена во Полска. Наводно, јахтата е во сопственост на двајца Украинци.

Истражителите велат дека саботажата ја извршила шестчлена екипа. Нивната националност не е утврдена, а познато е дека користеле лажни пасоши.

„Групата се состоеше од капетан, двајца нуркачи, двајца помошници и лекар. „Наводно донеле експлозиви и ги ставиле на гасоводите“, пишува Цајт.

Истражителите  аведуваат дека нарачателот на саботажа се уште не е утврден.

Јахтата отпловила од Рошток на 6 септември 2022 година, а опремата за тајната операција претходно била доставена до пристаништето со комбе. Бродот подоцна бил забележан кај германскиот остров Дарс, а потоа и кај островите Кристијанс во Данска.

Бродот бил вратен на сопствениците, а на масата во кабината биле откриени траги од експлозив.

Меѓународните експерти не ја исклучуваат можноста да се работи и за „лажна операција“. „Тоа значи дека индициите биле намерно поставени за да се посочи Украина како сторител, но истражителите не нашле докази за такво нешто“, пишува „Цајт“.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ претходно објави дека новите разузнавачки информации разгледани од американски официјални лица сугерираат дека проукраинска организација го извршила нападите на гасоводите минатата година.

Според весникот, американските власти наведуваат дека немаат докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленски или некој од неговите соработници биле вклучени во операцијата или дека сторителите дејствувале по наредба на украинските власти.

Гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои беа изградени за испорака на гас од Русија до Германија под Балтичкото Море, не се во функција од септември, кога експлодираа гасоводите. Операторот „Северен Тек АГ“ соопшти дека штетата е „без преседан“ и дека не може да се предвиди колку време ќе биде потребно за да се санира.

ВЕЧЕР

Read Previous

Спасовски: Во МВР 48 проценти од раководните позиции им се доверени на жени

Read Next

Стјуарт Пич: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата