ноември 22, 2024

Тројца загинати во невреме во јужниот дел на САД

Три лица загинаа во невреме со силен ветер кое го зафати јужниот дел на Америка, предизвикувајќи поплави, оштетувајќи домови и згради, корнејќи дрвја и оставајќи илјадници луѓе без електрична енергија.

Седумдесетгодишен старец во Алабама загина кога дрво падна врз неговиот камион, жена во Мисисипи загина во нејзиниот џип врз кој паднала гранка, а маж се удави во поплави во Арканзас. Кентаки беше зафатено со торнадо.

Невремето сега се движи кон другите сојузни држави на САД, а се стравува дека североисточниот дел на земјата и државите од средниот запад ќе бидат зафатени со обилни снежни врнежи.

Read Previous

Доцнењето на платите, УЕФА исфрли 11 клубови од натпреварувањата

Read Next

Дванаесет уапсени во операција на австралиските и американските служби во борбата против шверцот со дрога