ноември 22, 2024

Скопски водовод бара да поскапи водата, регулаторна одобри зголемување од 0,76 до 3,4 денари по кубик

Ќе поскапи водата во Скопје. ЈП „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за зголемување на цените поради зголемените сметки за струја.

„Ние донесовме нови цени по барање на скопски ‘Водовод’. Тие побараа минималното зголемување да биде да биде 2,5 денари по метар кубен, а максималното 5,3 денари. Ние одобривме минимално поскапување од 0,76 денари за метар кубен, а максимално од 3,4 денари. Во просек домаќинставата трошат 10 кубици вода. Тоа значи дека ако се прифати минималната нова цена поскапувањето ќе биде 7 денари“, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

Колку ќе поскапи водата сега треба да одлучи Град Скопје. „Водовод и канализација“ врз основa на одлуката на Регулаторната комисија треба да достави нова цена за водата до Советот на Град Скопје и таа одлука да биде изгласана од мнозинството советници.

извор:сакам да кажам

Read Previous

Пикфорд го продолжи договорот со Евертон

Read Next

Загина Прилепчанец при судар на воз и патничко возило